• вторник, 20 август 2024

Целосно реконструирани улиците „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ во Велес

Целосно реконструирани улиците „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ во Велес

Велес, 9 август 2024 (МИА) - Општина Велес целосно ги реконструира главните улици „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ во центарот на Велес.

Како што информира градоначалникот Марко Колев, градежните зафати на овие две улици завршија, а му претходеше гребење на стариот асфалт и негово вадење и поставување на нов асфалт. 

Тој информира дека  во изминатите денови се изврши и хоризонтално бележење со цел целосна безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Граѓаните, посебно оние во центарот на градот,  се противат на предлогот на општината овие две главни улици од еднонасочни да се пренаменат во двонасочни. ад/мд/

Фото: Општина Велес 

Остани поврзан