Хутите лансирале ракети кон Ријад
- Портпаролот на јеменската група Хути изјави денеска дека групата лансирала ракети и беспилотни летала на „чувствителни“ места во саудиската престолнина Ријад.
Дубаи, 29 март 2020 (МИА) - Портпаролот на јеменската група Хути изјави денеска дека групата лансирала ракети и беспилотни летала на „чувствителни“ места во саудиската престолнина Ријад.
како што пренесуваат странските агенции, тој додаде дека се гаѓани економски и воени цели во Јазан и Асир, во близина на јеменската граница.
Воздушните одбранбени сили на Саудиска Арабија синоќа пресретнале две балистички ракети кон Ријад, лансирани од Хутите. паг/