• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хрнцирова за МИА: ЕУ мобилизираше два авиони од Грција за гаснење на пожарите во Македонија 

Хрнцирова за МИА: ЕУ мобилизираше два авиони од Грција за гаснење на пожарите во Македонија 

Брисел, 11 јули 2025 (МИА) - Европската унија доби барање од Скопје за помош во справување со пожарите, со што македонските власти го активираа Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, информира за МИА портпаролката на Европската комисија за подготвеност Ева Хрнцирова. 

- Како одговор, Центарот за координација на итни интервенции (ЕРЦЦ) мобилизираше два авиони од „РескЕУ“ од Грција да се распоредат во погодениот регион за брза интервенција, изјави Хрнцирова. 

Таа додаде дека овие авиони за гаснење пожари се однапред распоредени на југот на Европа во пресрет на летната сезона за да можат веднаш да дејствуваат ако е потребно. 

„РескЕУ“ претставува надградба на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со цел дополнителна заштита на граѓаните од катастрофи и за справување со новите ризици. Тој е основан како стратешка резерва на европските капацитети за одговор на катастрофи, целосно финансиран од ЕУ.  

„РескЕУ“ се состои од флота од авиони и хеликоптери за гаснење пожари, авион за медицинска евакуација и основни резерви, кои вклучуваат теренски болници, транспортни средства, генератори, шатори, медицински материјали и опрема за одговор на хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни вонредни состојби. сп/вг/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан