• сабота, 09 ноември 2024

Хрватска на есен ќе добие 819 милиони евра од ЕУ

Хрватска на есен ќе добие 819 милиони евра од ЕУ
Загреб, 28 јули 2021 (МИА) - Министерката за регионален развој и фондови од Европска Унија, Наташа Трамишак, изјави дека првите 819 милиони евра од европските фондови поврзани со хрватскиот национален план за обнова и издржливост може да се очекуваат во септември или на почетокот од октомври. Министрите за финансии на ЕУ дадоа зелено светло на планот со повеќе од шест милијарди евра грантови, како и 3,6 милијарди евра многу поволни заеми. Трамишак истакна дека првите средства може да се очекуваат многу скоро, во рок од два месеци по потпишувањето на договорот и првите 819 милиони евра. Првата исплата се авансни средства, и тие сигурно ќе ги повлечат оние проекти кои се најподготвени и инвестициите што можат први да се реализираат. - Тука станува збор за инвестиции во наука, образование, здравствен систем, реновирање на згради, енергетско реновирање, но секако, исто така и за обнова од земјотреси, како и стопанството. Всушност, веќе ги очекуваме првите тендери за повлекување средства од претприемачите, потенцира Трамишак. ми/

Остани поврзан