Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Тајван
- Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван утринава, предизвикувајќи мала материјална штета, соопштија тамошните власти, додавајќи дека следеле серија помали последователни потреси.
Тајпеј, 30 јануари 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван утринава, предизвикувајќи мала материјална штета, соопштија тамошните власти, додавајќи дека следеле серија помали последователни потреси.
Главниот земјотрес се случил во 10:11 часот по локално време во градот Дапу, додека епицентарот бил на околу 250 километри јужно од Тајпеј, каде земјотресот бил благо почувствуван.
Главниот земјотрес беше проследен со десетина помали последователни потреси во Дапу.
Тајван минува низ период на зголемена сеизмичка активност, посочија сеизмолозите. мс/
фото: МИА архива