Хеликоптер на МВР фрли над 20 тони вода врз пожарот кај струшкото село Делогожди
- Хеликоптерот исфрлил над 20 тона вода и во координација со силите на терен прецизно дејствувал за гасење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола.
Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска повторно дејствувал на пожар вo шума во атарот на струшкото село Делогожди, информираа од МВР.
Хеликоптерот исфрлил над 20 тона вода и во координација со силите на терен прецизно дејствувал за гасење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола. цр/нд/
Фото: МИА архива
Видео: МВР