• сабота, 23 ноември 2024

Хамас: Израелската анексија на Западниот Брег е објавување војна

Хамас: Израелската анексија на Западниот Брег е објавување војна
Ерусалим, 25 јуни 2020 (МИА) - Военото крило на палестинското движење Хамас денеска предупреди дека планот на Израел за анексија на делови од Западниот Брег ќе се смета за „објавување војна“ на Палестинците, а земјата „ќе зажали“ поради тоа.
Портпаролот на Хамас, Абу Обеида нагласи во соопштението дека израелскиот план претставува „најголем грабеж на палестинска земја во последните децении“. Тој додаде дека „проектот на отпорот е да ја отстрани окупацијата врз историска Палестина“, нарекувајќи го планот „злосторнички“. Заканата на Обеида доаѓа два дена откако Хамас најави дека може да ги обнови нападите врз Израел како одговор на планот за анексија. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека на 1 јули ќе го претстави планот за анексија на долината на реката Јордан и сите еврејски населби на окупираниот Западен Брег, околу 30 отсто од територијата која ја освои израелската војска во војната во 1967 година. Палестинците планираат целиот Западен Брег да биде главен дел на нивната идна независна држава, која ќе го опфати и Појасот Газа, а главен град ќе биде Ерусалим. гт/

Остани поврзан