• недела, 23 март 2025

Халанд не е загрижен за можна казна за Манчестер Сити

Халанд не е загрижен за можна казна за Манчестер Сити

Манчестер, 22 март 2025 (МИА) - Ерлинг Халанд изјави дека не е загрижен поради можноста Манчестер Сити да биде казнет поради 115-те наводи за финансиски малверзации. Норвешкиот напаѓач објасни дека тоа го покажал со одлуката да потпише долгорочен договор со клубот.

Запрашан дали е загрижен за можна казна, Халанд одговори: „Очигледно не, бидејќи потпишав договор на 9,5 години. Реков 300 пати зошто потпишав. Зборував со клубот, добив добро чувство и се согласив“.

Најдобриот стрелец не блеска исто како претходните две сезони, откако има 29 гола. Во врска со перформансите на Манчестер Сити оваа сезона, Норвежанецот вели: „Така е понекогаш. Поинаку е кога си шампион две години и не си во борба за титулата. Но, не можеш да победуваш секоја година. Сега целта е да обезбедиме место во Лигата на шампионите и да направиме нешто каде што можеме: да го освоиме ФА Купот“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан