• вторник, 24 декември 2024

Фредериксен: Албанија е високо ценет партнер за Данска и многу доверлив сојузник на НАТО, ја има нашата поддршка и за ЕУ

Фредериксен: Албанија е високо ценет партнер за Данска и многу доверлив сојузник на НАТО, ја има нашата поддршка и за ЕУ

Тирана, 6 март 2023 (МИА) – Данската премиерка Мете Фредериксен, која, е во официјална посета на Тирана, изјави дека Албанија е високо ценет партнер за Данска и многу доверлив сојузник на НАТО.

-Албанија е високо ценет партнер за Данска и вие сте многу доверлив сојузник на НАТО. Во време кога Европската Унија е поважна од кога било досега, се надевам дека можеме да изградиме уште посилно партнерство и многу сум сигурна дека ќе го направиме тоа, изјавила Фредериксен, јави АТА.

На заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин Еди Рама, додала дека нејзината земја ќе ја поддржи Албанија на патот на интеграцијата, за влез во ЕУ и го пофалила Рама за неговата посветеност на интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија.

-Мислам дека вие сте еден од најсилните гласови во Европа кога станува збор за важноста на целосна интеграција меѓу Западен Балкан и остатокот од Европа, а тоа станува се поважно. Пред 10 дена ја одбележавме првата годишнина од војната во Украина, а вие реагиравте многу жестоко за ова прашање. Бевте силен поддржувач на Украина, тоа е силна работа. Сите ние треба да бидеме свесни за многу кревката ситуација во многу земји од Западен Балкан. Мислам дека вашата посветеност на европските вредности е важна и ова е исто така многу силен дел од отворањето на преговорите за членство на Албанија во ЕУ. Знам дека е многу долг пат, но ние ќе ве поддржиме, изјавила Фредериксен.

За членството во ЕУ, Рама рече дека „целта не е брзо членство туку исполнување на условите за достоинствен влез“.

-Никој не прави повеќе, ниту Данска, ниту Албанија. Данска беше многу фер кон нас и имаме многу посебен однос и горд сум за тоа. Не се работи за брзање да станеме членка, туку за извршување на домашната задача онака како што треба. Искористување на ова знаење и надополнување на капацитетите на ЕУ. Ако немате знаење, не можете да го направите тоа. Нема компромис за стандардите, туку многу повеќе да се биде отворен, изјавил Рама, изразувајќи голема благодарност за поддршката на Данска за нејзината земја.

Двајцата кажаа дека разговарале за разни теми за унапредување на билатералната соработка, посебно во областа на инвестициите и туризмот.

-Постои нашиот интерес за данското претприемништво. Тие придонесоа за промена на нашата држава. Посакувам и се надевам дека премиерката преку социјалните мрежи го поттикнува доаѓањето на младите во Албанија. Ви благодариме за посетата и мило ми е што сте тука. Не ја сметам за последна посета, но од она што го разбрав ќе продолжите да победувате на изборите во Данска, посочил Рама.

Сите ние треба да бидеме свесни за многу кревката ситуација во многу земји од Западен Балкан. Мислам дека вашата посветеност на европските вредности е важна и ова е исто така многу силен дел од отворањето на преговорите за членство на Албанија во ЕУ.

Фредериксен е прв дански премиер што ја посетил Албанија. вт/сд/

Остани поврзан