• сабота, 23 ноември 2024

Француската армија го убила шефот на Ал Каеда за северна Африка

Француската армија го убила шефот на Ал Каеда за северна Африка
Париз, 6 јуни 2020 (МИА) - Француските сили го убиле шефот на Ал Каеда за северна Африка Абделмалек Друкдел во северниот дел на Мали, соопшти министерката за одбрана Флоранс Парли. - Француските вооружени сили, со поддршка на нивните локални партнери, на 3 јуни го убија шефот на Ал Каеда за исламскиот Магреб, Абделмалек Друкдел, за време на операцијата во северниот дел на Мали, напиша таа на Твитер. Парли додаде дека биле убиени и неколкумина негови најблиски соработници. јт/

Остани поврзан