• сабота, 23 ноември 2024

Французинка загина за време на регата во Егејското море

Французинка загина за време на регата во Егејското море

Атина, 9 јули 2024 (МИА) – Француска државјанка, членка на екипажот на едрилица што учествува во меѓународната регатата „Ејџијан 600“ во Егејско Море го загуби животот во близина на грчкиот остров Касос, откако паднала во море, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека несреќата се случила вчера кога двајца членови на екипажот од едрилица што пловела под шпанско знаме, паднале во морето, веднаш биле извлечени, но 40-годишната Французинка била во безживотна состојба, а откако била пренесена на пристаништето во Касос лекарот констатирал смрт. ср/ми/

Остани поврзан