• сабота, 21 декември 2024

Франција ќе биде домаќин на хуманитарна конференција за Либан

Франција ќе биде домаќин на хуманитарна конференција за Либан

Париз, 6 октомври 2024 (МИА) – Франција во текот на овој месец ќе биде домаќин на меѓународна конференција чија цел е да овозможи собирање хуманитарна помош за Либан и да придонесе за зајакнување на безбедноста во јужниот дел на земјата, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

-Во следните неколку недели ќе одржиме конференција насочена кон олеснување на хуманитарната помош, поддршка на меѓународната заедница и давање поддршка на либанските вооружени сили за зајакнување на безбедноста таму, особено во јужен Либан, рече Макрон по состанокот на претставниците на франкофонијата – земји во кои се говори францускиот јазик- што се одржа во Париз.

Во последните две недели Израел започна со интензивни бомбардирања на Либан и во оваа земја испрати војници, по речиси една година конфликт со милитантната група Хезболах.

Борбите претходно беа главно ограничени на израелско-либанската погранична област и се одвиваа паралелно со едногодишната војна на Израел во Газа против палестинската група Хамас.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан