• среда, 25 декември 2024

Франција очекува распределба на вакцини за Ковид 19 во ЕУ според бројот на жители

Франција очекува распределба на вакцини за Ковид 19 во ЕУ според бројот на жители
Париз, 15 јуни 2020 (МИА) - Договорот меѓу британската компанија „Астра Зенека“ и Франција за вакцина за вирусот Ковид-19 предвидува дистрибуција на вакцината меѓу земјите на ЕУ пропорционално со бројот на жители, изјави денеска претставник на Кабинетот на францускиот претседател. Минатиот викенд, британската фармацевтска компанија потпиша договор со европските влади за набавка на повеќе од 400 милиони дози потенцијална вакцина за Ковид 19. Договорот беше потпишан од европскиот Сојуз за вклучување вакцини (ИВА), кој беше основан од Франција, Германија, Италија и Холандија со цел да се обезбеди вакцината за сите членки на Европската унија што е можно поскоро. - Договорот се заснова на принципот на пропорционална дистрибуција на вакцините, според бројот на жители. Баравме вакцината да се произведува во Европа и така е договорено, вели претставникот од Кабинетот. Според него, Франција се надева дека слични договори наскоро ќе бидат склучени и со други фармацевтски компании. Вакцините сè уште се во фаза на клиничко тестирање, а ќе бидат наменети за сите земји на ЕУ. паг/    

Остани поврзан