• сабота, 23 ноември 2024

Фото групата „Чкрап“!-Тетово одбележи 20 години од основањето со годишна изложба

Фото групата „Чкрап“!-Тетово одбележи 20 години од основањето со годишна изложба

Тетово, 26 ноември 2023 (МИА) – Фото групата „Чкрап!“ од Тетово вчеравечер ја организираше годишната изложба, со што се одбележа и јубилејот 20 години од формирањето во 2003 година. Изложбата претставува годишна промоција на работата на членовите на фото групата кои се претставуваат со своите слободно избрани фотографски теми и техники. Во салата на Музејот на тетовски крај (Дом АРМ) 19 фотографии изложија 50 фотографии создадени во текот на 2023 година.

-Кога пред 20 години, кон крајот на 2003 година ние од „Чкрап“! се впуштивме во авантурата наречена фотографија ни на крај памет не ни беше дека возбудата ќе нè држи толку долго, цели дваесет години, а таа трае и понатаму. Фотографијата е глобален феномен. Во светот дневно се снимаат и дистрибуираат милиони фотографии. Денес секој е фотограф благодарение на паметните телефони опремени со одлични камери. Од нив сигурно има неколку стотици илјади фотографи кои посериозно се занимаваат со фотографија. И, во целиот овој глобален феномен – фотографијата, Фото групата „Чкрап!“ од Тетово го бара своето место под сонцето, а нашиот континуитет во работата, покрај самостојните успеси и добиени признанија на многу членови на „Чкрап“! олицетворен преку 20 годишни изложби на фотографии до сега, е потфат достоен за почит, истакна Драги Неделчевски од фото групата „Чкрап“!.

На свеченото отворање на изложбата со пригоден говор пред присутните се обрати доајенот во македонската фотографија Александар Кондев.

- Не е еден чкрап туку нешто повеќе од тоа. Фото групата „Чкрап“! на Тетово му подари 20 годишна традиција. Мило мие што има многу млади луѓе. Фотографијата е идеално средство за дружење и за убави настани. Со тоа е обезбедена иднината на културата воопшто, не само на фотографијата. Од овој клуб има автори кои излегоа надвор што значи дека имало овде некоја подлога, имало творење и едукација. Тоа е доказ дека може и во помалите средини да се создава, а сето тоа е дел од македонска традиција и култура, посочи Александар Кондев.

Фото групата „Чкрап“! членува во Фото сојузот на Македонија и соработува со Македонскиот центар за фотографија. ас/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан