Форумот на жени на СДСМ ќе организира осмомартовски марш
- Форумот на жени на СДСМ организира осмомартовски марш под слоганот „Исправени заедно, за еднаквост, правда и мир“.

Кавадарци, 5 март 2025 (МИА) - Форумот на жени на СДСМ организира осмомартовски марш под слоганот „Исправени заедно, за еднаквост, правда и мир“.
За ова денеска информираше претседателката на Форумот, Даниела Колева од Кавадарци.
- Форумот на жени на СДСМ поканува на традиционалниот осмомартовски марш, по повод Меѓународниот ден на жената. Овој марш е нашиот глас, со кој ја продолжуваме борбата за права и достоинство на секоја жена и девојка. Да покажеме што значи да бидеме заедно и обединети, соопшти Колева.
Таа појасни дека осмомартовскиот марш ќе се одржи на 8 Март, сабота, во Струмица. Маршот ќе почне во 12 часот, на кружниот тек кај улица „Ленинова". свд/хс/
Фото: Плакат за настан и Фејсбук на Даниела Колева