• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер

Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер

Скопје, 15 јуни 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и топло. Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. свс/нд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан