• четврток, 07 ноември 2024

Форумот за образовни промени предлага ветинг во високото образование како решение за корупцијата

Форумот за образовни промени предлага ветинг во високото образование како решение за корупцијата

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Форумот за образовни промени денеска го презентира предлогот за ветинг во високото образование, кој, според нив, би требало да се спроведе до Одборот за акредитација и да се проверат сите академски звања за кои постојат индиции дека ги добиле спротивно на Законот за високо образование. Според нив, со ова би се намалила корупцијата во високото образование.

Предлогот беше претставен на панел-дискусија за корупција во високото образование во Северна Македонија „Corruptversity“ што се одржува денеска во „Europe House” а е посветена на корупцијата во високото образование и има за цел да ги истакне предизвиците и можните решенија во врска со овој проблем.

Панелисти се министерот за правда Кренар Кога, професор Гордан Калајџиев, службеник за антикорупција на Универзитетот „Кирил и Методиј" и Александар Николовски, претседател на Студентското Собрание во УКИМ. ар/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан