• сабота, 23 ноември 2024

Фон дер Лајен: Со новата методологија испратена добра порака до Западен Балкан

Фон дер Лајен: Со новата методологија испратена добра порака до Западен Балкан
Скопје, 5 февруари 2020 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен оцени дека со усвојувањето на новата методологија на процесот на пристапување во ЕУ е испратена добра порака до Западен Балкан. - Добра порака за нашите пријатели на Западен Балкан за процесот на проширување на ЕУ. Денес Европската комисија предлага веродостоен и динамичен план што ќе го постави патот за отворање преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија, напиша претседателката на ЕК на својот твитер-профил. Таа додаде дека проширувањето на ЕУ е вин-вин ситуација.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска во Брисел ја презентираше новата преговарачка методологија за земјите кандидати пред новинарите и пред европратениците. 

- Сакаме да ја вратиме кредибилноста на ЕУ-перспективата за Западниот Балкан, врвен приоритет е да имаме стабилност, мир и просперитет во регионот, рече еврокомесарот Вархеји. нд/

Остани поврзан