• сабота, 21 декември 2024

Фон дер Лајен: Нашата критична инфраструктура е загрозена

Фон дер Лајен: Нашата критична инфраструктура е загрозена

Брисел, 24 април 2023 (МИА) - Критичната инфраструктура на Европската унија е загрозена и EУ и НАТО формираа заедничка работна група за испитување на можните закани за клучните сектори, вклучително и енергетиката, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Таа изјави дека ЕУ работи со НАТО за да се подготви за „најлошиот исход“.

Фон дер Лајен најави дека резултатите од студијата ќе бидат претставени на состанокот на лидерите на ЕУ во јули. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан