• понеделник, 23 декември 2024

Фонсека се соочува со отказ на клупата на Милан

Фонсека се соочува со отказ на клупата на Милан


Милано, 18 септември 2024 (МИА) – Калчолигашот Милан може да го отпушти тренерот Пауло Фонсека доколку го загуби претстојното дерби со градскиот ривал Интер, објави денеска италијанскиот новинар Маурицио Писточи.
Милан под водство на португалскиот стратег победи на само еден натпревар од вкупно пет во италијанското првенство и е петтопласиран на табелата пред градското дерби со Интер на 22 септември.
Италијанските медиуми шпекулираат дека раководството на Милан веќе извесно време е во контакт со Масимилијано Алегри.
Според медиуми, поранешниот тренер на Јувентус, наводно, веќе се согласил да седне на клупата на Милан.
Милан во вторникот вечер загуби со 1:3 од Ливерпул во воведното коло во Лигата на шампиони. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан