• сабота, 13 декември 2025

Фолклорниот ансамбл „Мугри“ од Кочани настапува на фестивалот „Коло без граници“ во Тиват

Фолклорниот ансамбл „Мугри“ од Кочани настапува на фестивалот „Коло без граници“ во Тиват

Кочани, 20 август 2025  (МИА)  - Фолклорниот ансамбл „Мугри“ при Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани веќе пристигна во Тиват, Црна Гора, каде денеска започнува шестиот Меѓународен фолклорен фестивал „Коло без граници“, во организација на КУД „Бока“.

Членовите на ФА „Мугри" ќе настапат на два концерти со по две кореографии. На првиот концерт ќе се претстават со сплетот од ора „Водарки и сплетот „Потрчулка".  На вториот ќе ги одиграт „Потрчано" и сплетот „Тропнало".

Фестивалот „Коло без граници“ трае четири дена и ќе заврши на 24 август, а на него учествуваат фолклорни групи од повеќе земји, кои преку танц и музика го претставуваат богатото културно наследство на своите народи.

-Со учества на вакви меѓународни фолклорни настани, успешно ги реализираме планираните активности, што се дел од годишната програма на ЦК „Бели мугри“ за 2025 година, велат од ФА „Мугри“ и Оркестарот за народни песни и ора при Националната установа од Кочани. ис/дма/

Фото:  ФА „Мугри“ 

Остани поврзан