• петок, 26 јули 2024

Флоренци: Се обложував на други натпревари, но никогаш на фудбал

Флоренци: Се обложував на други натпревари, но никогаш на фудбал

Милано, 16 ноември 2023 (МИА) - За време на сослушувањето, дефанзивецот на Милан и италијанската репрезентација и откри на обвинителката Мануела Педрота дека се обложувал на рулет.

- Не се обложив на фудбал, туку на други видови игри како што е рулетот, изјави Алесандро Флоренци на сослушувањето кај јавната обвинителка Мануела Педрота. 

Триесет и двегодишниот фудбалер е осомничен за нелегално обложување додека беше член на Рома.

Флоренци е обвинет за истото кривично дело како Фаџоли, Тонали и Заниоло, единствените тројца играчи кои досега беа запишани во регистарот на осомничени, врз основа на тамошните закони.

Одбранбениот фудбалер отиде во обвинителството во придружба на адвокатите Конте и Тогноци, исто како и Николо Заниоло. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан