• среда, 27 ноември 2024

Флик: Ми се допаѓа ставот на играчите на Барселона

Флик: Ми се допаѓа ставот на играчите на Барселона

Барселона, 23 август 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханси Флик, е задоволен од настапот и пожртвуваноста на тимот во натпреварот од 6. коло од Ла Лига со Виљареал (5:1).

- Играме како тим, играчите играат еден за друг и ова е важно. Навистина ми се допаѓа нашиот однос, фокусирани сме на фудбалот и го правиме она што треба да се направи. И ние уживаме во нашата работа, изјави Флик за „Ас“.

Тренерот исто така истакна дека е среќен што ги тренира Каталонците и е горд на тоа како тимот ги надминува тешкотиите.

- Виљареал никогаш не се предава, но ние продолживме да се обидуваме да постигнеме повеќе голови. И тоа е она што го сакам - да вршиме притисок 90 минути или дури 94, додаде тој.

Барселона освои 18 бодови и е лидер во шпанското фудбалско првенство. Во следното коло од Ла Лига, го пречекува Хетафе. Натпреварот ќе се одигра на 25 септември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан