• недела, 18 август 2024

Флик: Барселона има многу да подобри, но многу е важно што започнавме со победа

Флик: Барселона има многу да подобри, но многу е важно што започнавме со победа

Барелона, 18 август 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ги искажа впечатоците за победата над Валенсија (2:1) во 1. коло од шпанското првенство.

Каталонците синоќа со пресврт стигнаа до трите бода на гостувањето на „Местаља“.

-Многу е важно да се започне со победа. Бевме подобри во второто полувреме. Направивме повеќе грешки во првото полувреме. Голот на крајот од полувремето беше многу важен. Левандовски е голем професионалец. Се браниме и напаѓаме како еден тим. Заврши многу дефанзивна работа и постигна два гола. Имаме многу да подобриме, но многу е важна победата на стартот на првенството, изјави Флик за „Marca“.

Во следниот натпревар Барселона ќе се сретне со Атлетик Билбао на 24 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан