ФИТР: Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од стручни лица од 22 области на експертиза
- Проектите се оценуваат согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликантот и влијание на проектот. Сите проекти кои ќе добијат просечена оцена од минумум 51 поен продолжуваат во следна фаза. Финалната селекција ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од 5 светски експерти. Марвин Лиао, кој е Претседател на КОИ е поранешен директор на Јаху а и самиот има инвестирано во над 400 стартапи.
Скопје, 2 јули 2023
Поради бројните написи во медиумите, поврзани со работата на ФИТР, и начинот на кој се финансираат проектите, дозволете да информираме прецизно:
Фондот за иновации и технолошки развој е водечка државна институција за поддршка на стартапи и иновативни компании во Република Северна Македонија. Бројката од речиси 1.000 поддржани проекти, со обем на инвестиции од преку 118 милиони евра, говори дека Фондот е вистински дом на сите иновативни компании и главен мотор за развој на македонската компанија. ФИТР е единствена институција во државата која има сертификат ISO : 31007 за борба против корупција.
Јавниот повик за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст” е наменет за претпријатија и приватни здравствени установи, со цел да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандмиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, зелени и дигитални технологии за нивна трансформација.
Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од три домашни стручни лица од 22 области на експертиза. Проектите се оценуваат согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликантот и влијание на проектот. Сите проекти кои ќе добијат просечена оцена од минумум 51 поен продолжуваат во следна фаза. Финалната селекција ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од 5 светски експерти. Марвин Лиао, кој е Претседател на КОИ е поранешен директор на Јаху а и самиот има инвестирано во над 400 стартапи.
Исто така, сакаме да истакнеме дека согласно Правилникот на инструментот, финансиската поддршка од страна на Фондот е повратна и истата се врши по стапка од 7,5% од оперативната добивка на корисникот, до остварување на поврат на 105% од износот исплатен од страна на Фондот, или пак за период од пет години по завршување на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.
Во однос на наведените компаниите: Тор индустрис и Еверест ЏД, кои се добитници на финансиска поддршка под инструментот „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”, истииот претприемач има поднесено предлог проекти под други инструменти за поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, но истите биле одбиени од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции. Тоа значи, дека секоја компанија која не ги исполнува критериумите за подобност на апликант и добил негативна оценка од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, нема да биде одобрен за финансирање од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.
Фонд за иновации и технолошки развој
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото МИА архива