• петок, 06 септември 2024

Финската министерка за надворешни работи, Валтонен во посета на Тирана

Финската министерка за надворешни работи, Валтонен во посета на Тирана

Тирана, 4 септември 2024 (МИА) – Министерката за надворешни работи на Финска, Елина Валтонен, во рамки на мини балканската турнеја, денеска престојува во Тирана, по што ќе ги посети  Косово и Србија.

По средбата со нејзиниот домаќин, министерот за  Европа и надворешни работи, Игли Хасани, со заеднички став дека „безбедноста и стабилноста на Западен Балкан се од витално значење“.

-Ја истакнавме битната улога на политиката на проширување на ЕУ кон Западен Балкан, чија  безбедност и стабилност се од витално значење. НАТО и ЕУ да го задржуваат својот фокус на овој стратешки регион, рече меѓу другото Хасани на заедничката прессконференција.

Албанскиот дипломат нагласи дека на средбата двајцата министри, изразиле целосна поддршка за независноста и суверенитетот на Украина.

-Ја потврдивме нашата целосна поддршка за независноста и суверенитетот на Украина. Претстојното финско претседавање со ОБСЕ, го сметаме за момент за зајакнување на мултилатералната соработка, додаде тој.

Финската дипломатка истакна дека нејзината земја го „поддржува европското патување на Албанија“, а побара повеќе можности за соработка на економски план.

-Нашите билатерални односи се одлични. Немаме нерешени прашања и се надеваме дека ќе воспоставиме други блиски врски и ќе ја зајакнеме оваа соработка на полето на економијата. Го поддржуваме патувањето на Албанија кон ЕУ и како сојузник ќе се фокусираме на безбедноста и очекуваме да имаме други можности во иднина. Западен Балкан е во срцето на Европа и треба уште интензивно да работиме заедно, изјави Валтонен.

Дипломатските односи меѓу Албанија и Финска се воспоставени на 27 август 1956 година. И Албанија и Финска немаат дипломатско претставништво во нивните главни градови. Албанија ги покрива дипломатските односи со Финска од Амбасадата во Стокхолм, додека Финска ги покрива дипломатските односи со Албанија од Амбасадата во Атина.

Двете земји имаат многу добри билатерални односи и политички дијалог кој се интензивира.
Финска во последните две децении континуирано го поддржуваше интегративниот процес - членството на Албанија во Европската унија, додека Албанија силно го поддржа членството на Финска во НАТО. вт/рп/
 
Фото: ФБ на МНР на Албанија

Остани поврзан