• вторник, 24 декември 2024

Финансиската полиција врши претреси на повеќе локации во Битола, се приведуваат и осомничени лица

Финансиската полиција врши претреси на повеќе локации во Битола, се приведуваат и осомничени лица

Скопје, 24 ноември 2023 (МИА) - Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од Министерството за внатрешни работи на повеќе локации во Битола извршува претреси и се приведуваат осомничени лица.

- Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што ја спроведе Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство Битола, соопштија од Управата за финансиска полиција.

По завршување на акцијата Управата за финансиска полиција, како што најавија, детално ќе информира за предметот. цр/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан