• сабота, 13 декември 2025

ФЗО рангиран на прво место заедно со ДЗР во извештајот за мониторинг на институциите на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер

ФЗО рангиран на прво место заедно со ДЗР во извештајот за мониторинг на институциите на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер

Скопје, 12 декември 2025 (МИА) - Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) е рангиран на прво место заедно со Државниот завод за ревизија во последниот извештај за мониторинг на институциите, што го направи Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, соопшти денеска генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски. 

Тој посочи дека тоа е посебно голем успех, бидејќи минатата година биле рангирани на 45-тото место со 24,5 поени, што, според него, покажува дека со истиот кадар со истата институција може да се работи подобро.

Клековски му се заблагодари на тимот од ФЗО, кој бил вклучен во процесот, помогнал да го направат тоа што е потребно и за една година да напредуваат од 45 место и да го делат првото место. рп/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан