• недела, 28 јули 2024

Фестивал на детски песни ,,Ластарчиња" вечерва во Кавадарци

Фестивал на детски песни ,,Ластарчиња
Кавадарци, 1 јуни 2022 (МИА) - Вечерва по осми пат, во Кавадарци ќе се одржи Фестивал на детски песни „Ластарчиња“. Стефка Саздовска, уметнички директор на фестивалот, попладнево информираше дека на манифестацијата ќе настапат 15 солисти и 106 учесници во балетски групи. - Фестивалот ќе се реализира во спортската сала „Јасмин". За кореографијата на балетските групи коишто ќе ги придружуваат солистите на сцена, се погрижи Фросина Василев. Имаме настапувано на многу меѓународни фестивали и освоено многу први места, а сме добиле и гран при награди, соопшти Саздовска. На фестивалот ќе настапи и Софија Манева-Падикова, естраден уметник од Кавадарци. свд/свс/

Остани поврзан