• вторник, 24 декември 2024

„Фајненшел тајмс“: Кина подготвува стратегија за евентуален трговски конфликт со САД

„Фајненшел тајмс“: Кина подготвува стратегија за евентуален трговски конфликт со САД

Пекинг, 14 ноември 2024 (МИА) - Кина подготви ефективни одговори на евентуалната ескалација на трговскиот конфликт со Соединетите Американски Држави, што ќе влијае на американските компании, пишува „Фајненшл тајмс“ (ФТ) повикувајќи се на свои извори.

Во првиот мандат на Доналд Трамп, Кина не беше подготвена за остри мерки како зголемени царини и контроли на инвестициите, но сега ситуацијата е поинаква.

Властите во Пекинг, во меѓувреме, донесоа нови закони кои им дозволуваат да стават на црна листа странски компании и да го ограничат американскиот пристап до клучните синџири на снабдување.

Според извештаите, Кина составила и „список на несигурни организации“ во странство кои, според нејзиното мислење, ги поткопуваат националните интереси на Пекинг.

Многумина ја потценуваат потенцијалната штета што Кина може да ја предизвика на интересите на Соединетите Американски Држави, вели Ендрју Гилхолм, аналитичар во консултантската компанија „Контрол Ризикс“.

Тој потсети на неодамнешните кинески санкции против најголемиот американски производител на дронови Skydio, кој ја снабдува и украинската армија, како и навестувањето дека Пекинг ќе воведе мерки против американската модна компанија PVH, која е сопственик на брендовите Calvin Klein и Tommy Hilfiger.

- Нашите клиенти мислат дека го земале предвид факторот во геополитичкиот ризик од трговска војна меѓу САД и Кина, но тоа не е точно, бидејќи Пекинг сè уште сериозно не возвратил, предупреди Гилхолм. ссм/

фото: архива

Остани поврзан