• понеделник, 23 декември 2024

У21: Македонските фудбалери поразени од Холандија

У21: Македонските фудбалери поразени од Холандија

Скопје, 12 септември 2023 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го претрпе првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025, откако попладнево во Скопје загуби од Холандија со 2-0 (0-0).

И покрај поразот, избраниците на селекторот Драган Канатларовски одиграа рамноправен натпревар против уште еден фаворит во квалификациската група Ц која ја стартуваа со гостинска победа минатата недела во Шведска (21).

Македонските фудбалери попладнево на Комплексот на ФФМ пропуштија неколку идеални шанси за гол пред Холандија да дојде во водство во 68 минута преку Ноа Охио.

Четири минути подоцна Кенет Тејлор од пенал го постигна вториот гол за гостите од Холандија.

Со три бода од два натпревари македонските фудбалери се второпласирани во групата пред следниот натпревар против Молдавија на гостински терен на 17 ноември. ег/цр

Фото: МИА

Остани поврзан