• сабота, 23 ноември 2024

УЈП: Трговците и вршителите на дејност да го регистрираат готовинскиот промет преку фискален систем на опрема

УЈП: Трговците и вршителите на дејност да го регистрираат готовинскиот промет преку фискален систем на опрема

Скопје, 1 август 2024 (МИА) – Управата за јавни приходи (УЈП) ги повикува трговците и вршителите на дејност да го регистрираат готовинскиот промет преку фискален систем на опрема, односн преку фискални каси.

-Мобилните екипи на Управата за јавни приходи, вршат засилени контроли за фискализација, посебно за времетраењето на летните манифестации кои се одржуваат низ општините и туристичките центри каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, концерти, плажи, паркинг простори и друго. Ги потсетуваме сите трговци и вршители на дејност кои вршат  промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно плаќањата се вршат во готово (готовински плаќања), да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет, велат од УЈП.

Нагласуваат дека во летниот период се организираат голем број на настани  на отворени простори, како што се музички концерти, фестивали, настапи на уметници во дискотеки и ноќни клубови  на територијата на цела држава. 

-Управата за јавни приходи презема повеќе активности и мерки во насока на подобрување на усогласеноста во дејностите карактеристични за сезоната. Без разлика дали сте ДДВ обврзник, ако вршите промет на добра или услуги во готово, должни сте да воведете и употребувате фискален апарат. Сите вие кои планирате да вршите дејност во летните манифестации треба да ги преземете овие чекори:

Правни лица и самостојни вршители на дејност (ТП)

Чекор 1 – Да воведат и да користат доволен број  фискални каси за секое работно место/штанд од каде се извршува прометот на добра и услуги кои готовински се наплатуваат  

Чекор 2 – Должни се на видно место да постават соопштение со кое го информираат купувачот на добро или корисник на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка

Чекор 3 – За секој извршен промет да издаваат фискална сметка

Чекор 4 – Во книгата за дневни финансиски извештаи да го евидентираат остварениот промет за секоја фискална каса

Чекор 5 – Навремено (најдоцна наредниот ден) да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителите на платниот промет.

Физички лица кои вршат промет од мал обем (времено вршење на стопанска дејност)

Чекор 1 – Да добијат одобрение од локалната самоуправа за поставување на штанд на одреден простор

Чекор 2 – Да поднесат Барање за паушално оданочување со данок на личен доход (образец “ДЛД-П”), прецизираат од УЈП.

Чекор 3 – Да го платат данокот на личен доход по добиеното решение за плаќање на данокот на личен доход. вј/вг/

 

 Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан