• петок, 23 август 2024

Уште еден контингент од 24 унгарски полицајци испратен во Србија

Уште еден контингент од 24 унгарски полицајци испратен во Србија

Суботица, 22 август, 2024 (МИА) - Со цел да се спречи илегален влез на мигранти во земјата и на територијата на Европската Унија, унгарската полиција го испрати 21-от контингент од 24 полицајци во Србија, јави Бета.

Според информациите објавени на веб-страницата на унгарската полиција, полициски службеници ќе вршат патролни задачи со цел спречување и откривање илегални преминувања на границата, како и учество во апсење на лица инволвирани во криумчарење илегални мигранти.

Унгарските полицајци ќе ја користат личната опрема за време на извршувањето на задачите, а нивната работа ќе биде под надзор и водство на надлежните безбедносни органи на земјата домаќин.ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан