• понеделник, 23 декември 2024

Остин и Галант разговараа за договорот за прекин на огнот во Газа и за регионалните ризици

Остин и Галант разговараа за договорот за прекин на огнот во Газа и за регионалните ризици

 

Вашингтон, 23 август 2024 (МИА) -  Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека со својот израелски колега Јоав Галант разговарал за широк спектар регионални прашања, вклучително и актуелната тензија на израелско-либанската граница и потребата да се договори прекин на огнот во Појасот Газа, пренесуваат британските медиуми.

Секретарот Остин на платфромата Х напиша дека за време на вчерашниот разговор станало збор и за ризикот од ескалација на ситуацијата во регионот од страна на Иран и групите што го поддржуваат и дека притоа го уверил Галант дека САД имаат добри позиции во регионот. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан