• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање

Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање

Вашингтон, 28 март 2025 (МИА) – Осудениот на смрт во американската сојузна држава Јужна Каролина, Микал Махди, побара неговата казна да се изврши со стрелање.

Махди е осуден за убиството на полицаецот Џејмс Мајерс во 2004 година. Сопругата на Мајерс го пронашла неговото изгорено тело, застрелано најмалку осум пати, вклучително и двапати во главата.

Егзекуцијата на Махди е закажана за 11 април, тој ќе биде врзан за стол оддалечен 4,6 метри од тричлениот стрелачки вод. Целта ќе му биде поставена на градите.

Пред пет недели во Јужна Каролина, првпат по повеќе децении беше извршена смртна казна со стрелање/

Во изминатите 50 години само тројца затвореници, сите во американската сојузна државата Јута, биле егзекутирани во САД со стрелачки вод. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан