• понеделник, 20 јануари 2025

Училиштата во Општина Карпош подготвени за почеток на второто полугодие

Училиштата во Општина Карпош подготвени за почеток на второто полугодие
Скопје, 21 јануари 2021 (МИА) - Општина Карпош информира дека од денеска продолжува комбинираната настава во сите десет основни училишта на територија на оваа локална самоуправа. Во пресрет на почетокот на вториот дел од учебната годината, Општината преку Одделението за образовние ги презема потребните активности за продолжување на наставата, без поголеми проблеми. Во текот на вчерашниот ден се одржа онлајн работна средба меѓу раководителката на Одделението за образование, Емилија Арсовска и директорките на сите основни училишта. - На средбата се разговараше за постигнатиот успех на учениците во првото полугодие, буџетската програма за активности на Општина Карпош од областа на образованието за 2021 година (линк: https://bit.ly/2Ngee20), како и за зголемените хигиенски активности во образовните установи за заштита на учениците и кадарот од КОВИД – 19, се вели во соопштението. Во следните денови училиштата ќе одржат и родителски онлајн средби со цел да се соопшти успехот на учениците и да се разговара за тоа што ги очекува сите вклучени чинители во процесот на учење во второто полугодие. мд/лв/

Остани поврзан