Во Дебар приведен жител на Зелениково и одземен добиток кој го превезувал без соодветна документација
- Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи, привеле скопјанец кој превезувал повеќе грла жив добиток без соодветна документација.

Дебар, 20 јануари 2025 (МИА) - Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи, привеле скопјанец кој превезувал повеќе грла жив добиток без соодветна документација.
Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид, на 18 овој месец во 20.50 часот во близина на Дебар, полициски службеници сопреле и извршиле контрола во товарно моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ќ.(39) од скопското село Зелениково.
-Притоа, било констатирано дека превезува повеќе грла жив добиток без соодветна документација. Добитокот бил одземен и предаден на претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаде Димоски.
Ова е прв ваков случај во оваа но и минатата година на подрачјето на Дебар.
Најчесто се откриени случаи на обид на шверц на жив добиток од македонска на албанска територија, најчесто во граничниот појас. вт/сст/
фото МИА архива