• понеделник, 20 јануари 2025

Анализа: Присуството на инаугурацијата на Трамп можност за претставување на идејата за уставните измени со одложена примена

Анализа: Присуството на инаугурацијата на Трамп можност за претставување на идејата за уставните измени со одложена примена

Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) – Присуството на премиерот Христијан Мицкоски, како еден од ретките политичари од регионов, кој ќе присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп е успех за нашата дипломатија и можност непосредно да ги претстави позициите на нашата земја во однос на одложената примена на уставните измени за деблокада на патот кон ЕУ, велат во анализата за МИА амбасадорите Ѓорѓи Филипов и Васко Наумовски.

-Присуството на инаугурацијата претставува одлична можност доколку е договорен разговор или доколку  искрсне момент за разговор меѓу премиерот и претседателот. Самиот повик е успех на нашата дипломатија или на американската. Тој може да наведе на тоа дека постои порака што претседателот Трамп, лично ќе ја каже, а нашиот премиер има прилика на водачот на земјата, наш најголем стратешки партнер, да му го предочи од прва рака македонскиот став во врска со одлагањето на обврската преземена пред ЕУ и предлог како таа да се реализира на еден „вин- вин” начин, полезен за двете соседни земји и членки на НАТО, вели Филипов.

Одлуката на ЕУ експресно поради политичкиот контекст да одобри почнување на пристапни преговори со Украина треба да биде отрезнување за земјава дека ако можеби светот е подготвен да ни става

Според Наумовски присуството на Мицкоски на инаугурацијата е резултат на добрите предвидувања на Владата и воспоставените контакти со тимот на Трамп уште за време на неговата предизборна кампања, а најавените средби и разговори со личности на високи позиции во новата администрација во Вашингтон е можност за претставување на инвестициското портфолио на земјава за подобрување на економската соработка и привлекување на инвестиции, што според него, треба да биде приоритет во билатералните односи со САД и особено за обезбедување на поддршка за евроинтегративниот пат. 

– Односите помеѓу нашата Влада и тимот на идниот претседател Трамп се воспоставија уште пред одржувањето на претседателските избори во САД, што сметам дека беше една добра проекција на нашата Влада, односно, ние ги воспоставивме тие односи уште додека претседателот Трамп беше во неговата предизборна кампања, за разлика од многу други влади и многу други политичари кои ја изразија поддршката за Трамп откако тој беше избран. Тоа дава една добра предност и добра позиција на нашата Влада да биде меѓу ретките влади во Европа кои што имаат добра комуникација. И сметам дека и на тоа се должи оваа покана  што нашиот премиер ја доби да присуствува на настаните поврзани со инаугурацијата на новиот претседател. Во таа прилика средбите кои што ќе се остварат формално или неформални, ќе бидат во функција на искористување на потенцијалот во економските односи, за привлекување американски инвестиции кај нас, како и за обезбедување на поддршка на процесот на проширување на ЕУ, знаејќи дека обединувањето на Европа и затворањето на сите жаришта и прашања кои што го попречуваат овој процес е една од целите на американската надворешна политика со децении наназад. Што значи дека во сите оние отворени прашања, не само со соседна Бугарија, туку и други евентуални прашања кои што можат да го попречат процесот на проширување, би било добро да ја имаме поддршката на новата администрација на претседателот Трамп, вели Наумовски.

Поконкретно дали може да очекуваме од новата админстрација засилен фокус кон државата и кон регионот, на што се надева Владата, и евентуален притисок врз Софија во насока на деблокада на евроинтеграцијата на земјата, двајцата амбасадори сметаат дека активностите на американската дипломатија ќе бидат во согласност со актуелните интереси на Вашингтон во регионот, а виманието на САД кон Западен Балкан е очекувано и посакувано. Според Филипов, притисок во однос на нашето прашање може да се очекува, но тој би бил насочен, вели тој и на Скопје и на Софија.

-Можеме да очекува будност, особено во поглед на изнаоѓање решение на прашањата меѓу Белград и Приштина, каде е сместена воена база на САД (што значи и на НАТО) како и на градење патна инфраструктура што ќе ги поврзува Црно Море и Јадранско или Јонско, „а тоа значи поголема соработка на земјите низ кои ќе минува таа патна трансферзала (Бугарија - Македонија - Албанија). Тоа барање не е само американско, туку и европско, па можно е ЕУ и САД да го зајакнат пријателското убедување кон двете земји (Македонија и Бугарија) со цел да најдат заемно решение. Во секој случај, сметам дека „притисокот”, како што велите вие, нема да биде само кон Софија, туку и кон Скопје, подвлекува амбасадорот Филипов.

Амбасадорот Наумовски, уверува дека ако за нешто можеме да бидеме сигурни тоа е дека администрацијата на претседателот Трамп ќе се посвети на решавање на сите кризни подрачја и затворање на прашањата кои што се долгорочна цел на американската надворешна политика, а воспоставената добра комуникација со администрацијата на Трамп оди во прилог на обидите за обезбедување поддршка. 

Претставничкиот дом (Долниот дом на американскиот Конгрес), каде мнозинството го сочинуваат демократите, изгласа вчера закон за отстранување статуи на лидери на Конфедерацијата од Капитол Хил

-Секако дека приоритетот ќе бидат односите со други држави во светот и затворањето на кризните жаришта во Украина, како и на Блискиот исток. Меѓутоа имајќи го предвид искуството од првиот мандат на претседателот Трамп тој се вклучи и во соодветна медијација помеѓу Белград и Приштина, на пример. Што значи дека не му е туѓо вклучување во решавање на отворените прашања и на Балканот. Ние, со самото тоа што како држава и како Влада, имаме директен пристап до Белата куќа, ќе имаме можност да поттикнеме тие прашања да се најдат повисоко на агендата и на Белата куќа и на идното раководство на Стејт департментот. Што значи дека ќе имаме можност да ги претставиме нашите позиции пред новата администрација и со тоа да се обидеме да добиеме поддршка и како држава, меѓутоа и заеднички со останатите држави од регионот да се обидеме да го привлечеме вниманието на администрацијата на Трамп и на регионот на Западниот Балкан, затворање на сите отворени прашања тука и конечна интеграција на Балканот во ЕУ, вели Наумовски.      

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон, на која ќе биде придружуван од министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков. Делегацијата предводена од премиерот Мицкоски ќе присуствува и на свеченоста „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“.

Радмила Шекеринска го казнила полковник Драган Ковачки затоа што напишал

За време на престојот во САД Мицкоски ќе одржи повеќе билатерални средби, контакти и средби со повеќе луѓе од новата администрација на американскиот претседател, како и со бизнисмени со македонско потекло каде ќе стане збор за економска соработка и можни домашни инвестиции. Тој вчера имаше средба со Крис Павловски, сопственик на Рамбл компанијата каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и Џ.Д. Венс потпретседателот на САД, како дел од новата администрација на претседателот Трамп. На состанокот, како што соопштија од владината прес-служба, се разговарало за инвестиции на Рамбл во делот на дигитализацијата.

Инаугурацијата на Доналд Трамп, кој ќе биде 47. претседател на Соединетите Американски Држави, ќе се одржи денеска во 12 часот по источно време во САД (17:00 часот по Гринич). На церемонијата ќе присуствуваат сите поранешни живи претседатели – Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон, а најавено е присуство и на бројни претседатели и премиери, но и први луѓе на светските организации. Почесни гости на Трамп ќе бидат технолошките милијардери Илон Маск, Џеф Безос, Марк Закерберг, како и Шоу Киу, шефот на кинескиот  ТикТок. 

Броењето на гласовите од вчера оддржаните претседателски избори во САД се уште е во тек, резултатот од гласањето е крајно неизвесен, но актуелниот претседател Доналд Трамп веќе го оспори избо

Поради лошите временски услови и поларниот суд што ги зафати САД деновиве, инаугурацијата наместо на отворено, пред Капитол, ќе се одржи во затворен простор, во Ротондата. Национална метеоролошка служба соопшти дека во Вашингтон денеска на денот на инаугурацијата се предвидува екстремен студ, при што температурите ќе се спуштат и до -11 степени Целзиусови. 

Трамп е вториот претседател кој ќе ја одржи својата инаугурација во Ротондата на Капитол. Во 1985 година, Роналд Реган, исто така, ја преземаше функцијата по втор пат - и тој исто така се соочи со ледено време. Температурата достигна -14 степени Целзиусови.

Првиот претседателски мандат на Трамп беше од 20 јануари 2017 до 20 јануари 2021 година. 

Виолета Геров

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан