• четврток, 07 ноември 2024

УХМР: Август - просечно топол и натпросечно влажен

УХМР: Август - просечно топол и натпросечно влажен
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец август 2022 година, се карактеризира како просечно топол и влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. -Средномесечната температура се движеше од 17,0°С во Маврово до 26,1°С во Гевгелија. Споредено со просечните августовски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1981-2010), овогодинешната температура беше просечна на ниво на држава, известуваат од УХМР. Средната максимална температура варирала од 24,3оС во Маврово до 34,2оС во Гевгелија. Највисоката максимална температура била измерена на 19 август во Гевгелија и изнесувала 40,0оС. Средната минимална температура варирала од 11,7оС во Берово до 20,2оС во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот била измерена во Берово, на 2 Август и изнесувала 8,7оС. -Во месец август 2022 година, месечната сума на врнежи во државата варираше од 43,1мм во Скопје З.Рид до 85,4мм во Крива Паланка. Врнежите беа од дожд и град. Забележен беше невообичаено долг континуиран низ на денови со врнежи во втората и третата декада на месецот. Максимално дневно количество на врнежи од 31,8мм беше регистрирано во Охрид на 24-ти во месецот, соопштуваат од УХМР. Споредено со августовската просечна вредност за многугодишен период (1981-2010), измерената месечна сума на врнежи била поголема за 26мм или 71 отсто над просечната на ниво на држава.ир/са/

Остани поврзан