• петок, 22 ноември 2024

Уставниот суд делумно го прифати барањето на Бериша за неуставноста на изречените мерки во октомври лани

Уставниот суд делумно го прифати барањето на Бериша за неуставноста на изречените мерки во октомври лани

Тирана, 21 ноември 2024 (МИА) - Уставниот суд на Албанија по денешната повеќе часовна расправа,  вечерва соопшти дека  со мнозинство гласови делумно  го прифатил барањето на поранешниот албански премиер и лидер на Демократската партија, Сали Бериша, за испитување на уставноста на изречените мерки во октомври минатата година.

Според одлуката неуставна е оценета  мерката на СПАК за забрана за напуштање на државата, но останува во сила  мерката обврска за јавување два пати месечно.

Судот расправата по барањето на Бериша ја почна во вторникот, но по тричасовна расправа истата ја прекина и ја продолжи денеска.

Бериша, се спротивставува на првата мерка, онаа за „обврска за јавување“ и одземање на пасошот, од страна на Специјалниот суд против организиран криминал и корупција. Смета дека е противуставна бидејќи "бил заобиколен Парламентот кој требало да даде овластување, за него како пратеник".

Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК,  образложи дека тогаш изречената мерка "не го ограничувала Бериша да продолжи со политичките живот и активности".

Бериша уште од првиот момент ја оцени мерката дадена во октомври минатата година за неуставна и не ја почитуваше. Поради тоа, СПАК побара построга мерка, по што Специјалниот суд  одлучи за мерка „куќен притвор“, каде е од 30 декември. 

Претходно сите судски инстанци го отфрлија барањето на Бериша, кој е осомничен за "висока корупција" при приватизацијата на Спортскиот комплекс „Партизан". вт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан