• петок, 26 јули 2024

Усвоени нови проекти за општина Ѓорче Петров

Усвоени нови проекти за општина Ѓорче Петров

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) - Од Општина Ѓорче Петров денеска информираа дека советниците позитивно се изјасниле за неколку развојни проекти како што се нова спортска сала во училиштето во Хром, 42 милиони денари за реконструкција на улици и проектирање нова детска градинка во Даме Груев.

На седницата на Советот биле изгласани и проектите „Пешачка патека со улично осветлување" од Волково до Орман во должина од два километри, како и ново улично осветлување на ул. „Радушка".

Од Општината велат дека во план се и реализација на нови јавни повици во спортот и културата.

- Ова е правилната насока по која се движиме и работиме исклучиво за јавното добро. Ништо нема да не поколеба по патот на чесноста и домаќинското работење се до конечно урбанизирање на Ѓорче Петров, рекол градоначалникот Александар Стојкоски. сст/бак/

Фото: Општина Ѓорче Петров

Остани поврзан