Дел од општина Чаир утре без вода
- Поради уличен дефект на цевка со пречник од 300 милиметри на улицата „Ќемал Сејфула“ бб, спроти СУГС „Арсени Јовков“ во општина Чаир, утре од 8:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Втора македонска бригада“ и „Никола Петров“.

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на цевка со пречник од 300 милиметри на улицата „Ќемал Сејфула“ бб, спроти СУГС „Арсени Јовков“ во општина Чаир, утре од 8:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Втора македонска бригада“ и „Никола Петров“.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, водоснабдувањето ќе биде се прекинато до завршување со интервенцијата на дефектот.вј/нд/
Фото: МИА архива