• сабота, 23 ноември 2024

Управувањето со миграцијата во фокусот на средбата Петрушевски-Шпенделегер

Управувањето со миграцијата во фокусот на средбата Петрушевски-Шпенделегер

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) – Актуелните состојби и предизвици во насока на управување со миграцијата и миграциските политики, безбедноста и соработката во регионот биле во фокусот на денешната средба помеѓу државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски и генералниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД, Михаел Шпенделегер.

Како што соопштуваат од МВР, на средбата што се одржала на маргините на овогодинешната Виенска конференција за миграција биле разгледани и идните планови за понатамошна соработка во насока на обезбедување на континуитет во работата на Министерството за внатрешни работи со организацијата. ар/нд/

Фото: МВР

Остани поврзан