• понеделник, 23 декември 2024

Свечено отворање на кампањата „Денови на донирање“

Свечено отворање на кампањата „Денови на донирање“

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Кампањата „Денови на донирање“ свечено ќе биде отворена денеска, со прес-конференција, на која ќе се обратат извршната директорка на „Конект“ Никица Кусиникова и претседателот на „Мрежата на македонските доброволни противпожарни друштва“ Кирил Михајлов.

- Оваа година создаваме линија во првиот донаторски фонд за превенција, заштита, интервенции и справување со последиците од пожарите и затоа особена чест ни е што како дел од овој настан, ја вклучивме и „Мрежата на македонските доброволни противпожарни друштва“, препознавајќи ги нејзините безусловна пожртвуваност и храброст што ги манифестираше пркосејќи им на пламените јазици во текот на летото, се наведува во соопштението на организаторите.

Настанот се одржува во рамки на проектот на УСАИД - „Партнерства за донирање“, спроведуван од „Конект“ во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија, „Индиго“ и Американската стопанска комора во Северна Македонија. бд/са/

Фото: „Конект“

 

Остани поврзан