УНЕСКО планира проширување на листата на нематеријално културно наследство
- Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) во главниот град на Парагвај, Асунсион почна дебата за вклучување на културните практики во листата на нематеријално културно наследство
Буенос Аирес, 2 декември 2024 (МИА) – Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) во главниот град на Парагвај, Асунсион почна дебата за вклучување на културните практики во листата на нематеријално културно наследство.
УНЕСКО планира околу 60 културни практики да бидат ставени на листата нематеријално културно наследство, вклучително и Кинеска нова година, правењето саке во Јапонија и традицијата на Хена од арапскиот свет.
- Нематеријалното културно наследство е различност на дело. Тоа ја демонстрира неизмерната креативност на човештвото. Оние кои се залагаат за нематеријалното културно наследство создаваат заедница. Оние кои пренесуваат знаење и вештини ја промовираат социјалната кохезија, изјави претседателот на германската комисија за нематеријално културно наследство, Кристоф Вулф.
Нематеријалното културно наследство вклучува обичаи, занаетчиски техники, музика и танц. Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото ги вклучува, на пример, културата на сауна од Финска, јогата од Индија и Имзад музиката на Туарезите во Сахара. ми/
фото: МИА архива