• сабота, 23 ноември 2024

УНДП: Над 71 милион луѓе во светот се соочуваат со сиромаштија

УНДП: Над 71 милион луѓе во светот се соочуваат со сиромаштија
Њујорк, 7 април 2022 (МИА) - Над 71 милион луѓе низ светот се соочуваат со сиромаштија како резултат на растечките цени на храната и на енергсите, предизвикани од  руската инвазија врз Украина, соопшти денеска програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Се проценува дека дополнителни 51,6 милиони лица осиромашиле во првите три месеци по почетокот на војната, живеејќи со приходи од 1,90 долари дневно, или помалку. Сега вкупно девет отсто од светската популација живее во сиромаштија. Дополнителни 20 милиони се на граница на сиромаштија, со приходи од 3,20 долари дневно. Во земји со ниски приходи, семејства трошат 42 отсто од приходите на домаќинството за храна. Но, по санкциите воведени од западни земји кон Русија, пораснаа цените на горивата и на основните прехранбени производи, како пченица, шеќер, масло за јадење. Блокираните украински пристаништа и неможноста земјата да извезе жито во земји со ниски приходи, дополнително ги зголемијаа цените, туркајќи десетици милиони луѓе во сиромаштија. Брзината со која луѓето „влетаа“ во сиромаштија, ја надмина кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Според УНДП, 125 милиони луѓе доживеаја сиромаштија за време на 18 месеци карантин и затворање поради пандемијата. Од друга страна, 71 милион осиромаши за само три месеци по руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари. бд/ми/

Остани поврзан