• понеделник, 16 декември 2024

Украинското знаме накратко се појави во Астана за време на посетата на Путин, Казахстан почна истрага

Украинското знаме накратко се појави во Астана за време на посетата на Путин, Казахстан почна истрага

Астана, 28 ноември 2024 (МИА) - Казахстанската полиција спроведува истрага за причините за краткотрајното појавување на украинското знаме на голем екран во центарот на главниот град Астана за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин,информира Министерството за внатрешни работи на Казахстан.

Знамето се појавило накратко синоќа, заменувајќи го руското знаме на екран поставен на еден од главните булевари во градот.

Во тој момент, Путин веќе бил пристигнат во Астана. Екранот бил исклучен набрзо потоа, но снимки од настанот беа објавени онлајн.

Министерството изјави дека се разгледуваат сите можни причини, вклучувајќи техничка грешка или хакерски напад.

Според минатогодишна анкета, мнозинството Казахстанци се неутрални во однос на војната меѓу Русија и Украина, но поддржувачите на Украина значително ги надминуваат оние на Русија. Русија е клучен трговски партнер на Казахстан, поради што економските проблеми на Русија често влијаат врз казахстанската економија. ссм/

Остани поврзан