• сабота, 27 јули 2024

Украинскиот државен врв учествуваше на свечена церемонија по повод денот на украинското знаме

Украинскиот државен врв учествуваше на свечена церемонија по повод денот на украинското знаме

Киев, 23 август 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски и највисокото политичко и воено раководство на земјата учествуваа на церемонијата на подигнување на државното знаме на Украина, јавија украинските медиуми.

Кабинетот на украинскиот претседател објави специјално видео на Јутјуб по повод Денот на украинското знаме.

Во центарот на Киев беше подигнато посебно знаме со потписи на украинските бранители од целата линија на фронтот и од најжешките точки на фронтот.

-На ова знаме има посебни зборови и потписи на специјални луѓе. Тоа се нашите војници, нашите бранители, нашите воини кои се борат за слобода, за Украинците, за независност и за Украина. Ова знаме беше на позициите на нашите војници од Чернихив до Одеса, по целата одбранбена линија во Украина и во различни борбени бригади и единици, рече Зеленски на свечената церемонија.

Шефот на државата истакна дека секоја година на 23 август, Украина го слави Денот на државното знаме и дека секоја година Украинците му оддаваат почит.

-Ова е нашиот симбол, ова е нашето сино-жолто знаме. Нашето знаме е нашата гордост, која ја чувствуваме кога се вее високо, кога ги славиме нашите празници, кога ги постигнуваме нашите победи, кога ги враќаме нашите земји, нагласи Зеленски.

Зеленски истакна и дека знамето е и спомен и почит на сите херои кои ја бранеа украинската земја и ги жртвуваа своите животи за Украина и за сите Украинци. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан