Украинската ПВО соборила десет руски дронови во текот на ноќта
- Украинските системи за противвоздушна одбрана ги уништија сите десет беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Киев, 28 февруари 2024 (МИА) - Украинските системи за противвоздушна одбрана ги уништија сите десет беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Украинската војска на Телеграм објави дека Русија исто така лансирала противвоздушни наведувани ракети С-300 кон Украина, но не прецизираше дали проектилите стигнале до своите цели.
Над индустриската зона во Одеса, остатоците од соборениот руски дрон оштетиле трансформатор на важен инфраструктурен објект, предизвикувајќи краток спој и пожар кој бил изгаснат, а во овој инцидент нема повредени.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските воздушни одбранбени сили во текот на ноќта уништиле украинско беспилотно летало над регионот Белгород.
-Обидот на режимот во Киев да изврши терористички напад со помош на дронови врз руски објекти беше спречен вечерва. Украинското беспилотно летало е уништено над регионот Белгород од дежурните единици за противвоздушна одбрана, соопшти Министерството. мс/
фото: МИА архива