• вторник, 14 јануари 2025

Украина со беспилотни летала нападна неколку руски региони

Украина со беспилотни летала нападна неколку руски региони

Москва, 14 јануари 2025 (МИА) – Украина изврши масовен напад со дронови врз неколку индустриски локации низ различни руски региони.

Гувернер на Саратовската област, Роман Бусаргин денеска на Телеграм објави дека се погодени два објекти, еден во Саратов и еден во градот Енгелс, но нема жртви.

Според медиумите, повторно е погодено складиште за гориво, што пред пет дена гореше.

Во Енгелс, што е лоциран на околу 600 километри од границата со Украина, има руска военовоздухопловна база и складиште со гориво од каде се снабдуваат руските бомбардери пред нападите врз Украина.

Украинските дронови нападна и постројка за течен гас во близина во главниот град на руската Република Татарстан, Казан. И покрај пожарот нема сериозна штета врз постројката за течен гас.

Регионалните администрации на Тула, Ориол и Воронеж исто така потврдија напади врз нивните региони.

Во Тула беа оштетени неколку возила и деловни објекти. Во Орјол соборени се 17 дронови и нема значителна штета, напиша гувернерот Андреј Кличков на Телеграм.

Гувернерот на Воронеж, исто така, извести дека се соборени дронови без да се потврди каква било штета. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан